Сообраќајка на патот Росоман-Прилеп – тројца повредени

13141523hf

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на патот Росоман-Прилеп, потврдуваат од Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.

– Според првичните информации кои ги имаме, камион излетал од патот кај клисурата близу кавадаречкото село Фариш. Истовремено е побарана помош од брзата помош од Кавадарци и Прилеп. Еден од повредените е пренесен во Прилепската болница, а двајца во Кавадаречката, информираше за МИА началникот на Службата доктор Антоан Паракеов.

Едното од лицата пренесени во Општата болница во Кавадарци било потешко, а другото полесно повредено.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.