Скокна по крстот, остана и без крстот и без гаќи

Големиот православен празник Богојавление се празнува и во Србија.

vodici-srbija-4

Таму се скокаше по крстот вчера, а ќе се скока и денеска. Вчерашниот ден го одбележа комичниот настан што се случи кај Кулата Небојша во Белград.

vodici-srbija-3

Еден од учесниците излегол од студената вода жив, без крстот, но и без гаќите. Кога останал без гаќите не се знае, но познато е дека бил доследен и пливал се до крстот, но за жал не успеал да го фати. Иако знаел дека е без гаќи, водата била толку студена што решил да го изеде срамот и да излезе без гаќи, па на суво да чека крпа за да се покрие.За почетокот се покрил со тоа што сигурно го имал кај себе – со рацете.

vodici-srbija-2

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.