Скандалозно: Ципрас вели дека Заев му признал дека имаме словенски и албански корени

Премиерот Зоран Заев продолжува со надворешната политика против која жестоко е опозицијата како и големиот број граѓани на Република Македонија. Премиерот на Грција, Алексис Ципрас денеска во Солун по средбата со градоначалникот на овој град Јанис Бутарис, кажа дека Заев му признал дека македонскиот народ има словенски и албански корени, а како премиер се откажал од тоа дека Македонија имала некаква врска со Александар Македонски.

Тоа е оксиморонот, имаат државен ентитет што 70 години се вика Македонија, а немаат никаква врска со Александар Велики и со овој историски тек. Имаат словенски и албански корени и го признаваат тоа. Што значи, ако добиеме одредница пред името Македонија е голема победа и уште поголема да се договориме дека едно е нашата Македонија што доаѓа од долгата традиција на грчкиот антички свет, а друго е нивната традиција и нивниот културен знак, рече Ципрас потенцирајќи дека Грција ниту ја игнорира, ниту пак смета дека не постои нашата традиција или културно наследство, но дека се две различни работи, изјави Ципрас.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на дебатата на МРТ пред два дена го обвини Заев, дека со неговата надворешна политика ги урнисал позициите на Македонија во преговорите на името со јужниот сосед Грција.

-Господинот Заев тука ќе каже дека го спасиле процесот. Зоране вие го урнисавте целиот процес, некој што со години го градел во минатото. Прашајте ја поранешната министерка за надворешни работи ќе ви каже што значи преговарање и што значи процес на преговори, изјави Мицкоски.

Мицкоски за неконзистентниот став на Заев за спорот со името кажа: Ќе ја менувате изјавата за некое друго решение за некој месец, и тогаш претпоставувам ќе кажувате заштитивте ова, заштитивте она. Знаете ли што е најголем капитал за една држава? Народот, а вие го потценивте народот. Народот сам ќе ја изгради оваа држава како што досега ја изградил, процесот на преговори со ЕУ и процесот на интегрирање во НАТО Алијанса е паралелен процес. Народот сам ќе си ја изгради, но затоа му треба чесни политичари кои што ќе ја водат целокупната обнова на државата. Господине Заев со егзибицонистичките настапи само успеавте да го урнисате она што е 25 години создавано, Вие мислите мислевте дека имате решение немавте ништо, констатираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.