Сите настапи на момчето со потекло од Прилеп: Не освои милион долари, но освои милиони срца ширум светот (ВИДЕО)

Минатата среда се одржа финалето oд втората сезона на познатото шоу на Џенифер Лопез “World of dance”, кое за нас оваа година беше популарно поради настапите на Македонецот со потекло од Прилеп, Мајкл Димески, кој живее во Австралија.

Со своите настапи и смисла за кореографија, младиот Мајкл ги освои симпатиите на милиони луѓе ширум светот, а во последната вечер од шоуто заврши како второпласиран.

Иако неговиот настап беше незаменлив, жирито сепак одлучи првото место и наградата од еден милион долари да ја додели на групата “Тhe Lab”.

Во продолжение погледнете ги сите настапи на нашиот Мајкл кого го бодревме до самиот крај.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.