АЛЕГРИ САКА ДА ИЗГРАДИ ИМПЕРИЈА! Бара уште две големи засилувања, еве кои се тие

Јувентус во овој прелазен рок во своите редови го донесе Кристијано Роналдо и упте неколку квалитетни засилувања, а според пишувањето на “Калчо Меркато”, Алегри има уште две желби.

Тренерот на Јуве наводно има голема желба да го тренира играчот на Челси, Н’Голо Канте, кој пружа феноменални партии и дополнително би го зацрврстил средниот ред на ‘старата дама’.

Втор на списокот е играчот на Реал Мадрид, Иско, кој исто така би бил добредојден во редовите на Јувентус. Целта на Алегри со овие две потенцијални засилувања е да направи брутален состав кој тешко кој ќе може да го турне од тронот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.