Се враќа студеното време: Утре температури до минус 14

23112016135359websnow

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 14 до минус четири, а дневната од минус три до шест степени.

За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под минус 10 степени. Претпладне по одделни котлини и натаму ќе има појава на магла.

Во вторник и среда ќе има повремени врнежи претежно од снег со слаб интензитет, а на места со умерен интензитет. До крајот на следната работна недела дневните температури ќе бидат во опаѓање.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.