СВЕТСКИОТ БРЕНД ВО РОДЕНДЕНСКО ПАКУВАЊЕ

Со издавање на специјалното, роденденско пакување на Стоби флипс продолжуваат активностите на Витаминка за одбележување на 40 години откако првпат е произведен најпопуларниот македонски бренд. Роденденската едиција со стилизирана бројка 40 е наменета за 40-грамската, прва амбалажа на овој производ и на оригиналниот вкус.

Издавањето на роденденското пакување е важно затоа што покажува дека изгледот на Стоби флипс во изминатите 40 години не се изменил, исто како што остана ист и препознатливиот вкус и квалитет.

Вкусот и квалитетот се најважните карактеристики што го направија Стоби флипс бренд број 1 кај повеќе генерации потрошувачи.

Роденденскиот Стоби флипс е достапен на полиците во продажните места насекаде низ државата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.