Само еден месец работи во бpза помош, a cпacи млада девojка која без знаци на живот била извадена од Дojpанското Езepo

Големи пофалби за младата докторка од Струмица, Елена Китанова, која во Дојран успеа да спаси млада девојка која за ќе се удавела во водите на Дојранското Езеро.

Сакам да го пофалам медицинскиот тим од Струмица, докторката Елена Китанова и сестрата кои беа дежурни во Дојранската амбуланта и несебично и упорно се бореа и го спасија животот на младата девојка која беше удавена во водите на Дојранското Езеро и беше без знаци на живот. Нивната упорност и’ го вратија животот назад на девојката. Таква несебична борба за спасување на човечки живот треба да биде пример за сите лекари – пишуваат на фејсбук граѓаните кои биле присутни.

Младата докторка, била дел од струмички медицински тим кој бил на дежурство во Дојран.

Несебично и упорно се бореа и го спасија животот на девојката која беше удавена без знаци на живот. Но, тие беа многу многу упорни и не се откажуваа и фала му на господ го спасија животот на една млада девојка исто така од Струмица – се пишува во објавата на Фејсбук.

25-годишната докторка од пред еден месец работи во струмичката брза помош – пишува “ФОКУС”

Таа појаснува дека најважно и е што еден човечки живот е спасен, и скромно вели дека таа само си ја работела својата работа.

-Успеавме да ја спасиме, тоа е најважното нешто! Тоа се моменти кои не се опишуваат со зборови, се работи за секунди, стресот беше навистина голем, а зборовите дека пациентот мора да се спаси одекнуваат во мислите.
Но, додека траеше реанимацијата, луѓето кои во голем број беа насобрани околу нас, морам да забележам дека помеѓу нив имаше и такви кои целиот настан го снимаа со мобилни телефони! Не треба така, во такви моменти додека некој се бори за живот, лоша слика е тоа. Сепак, на крај, кога веќе жената се врати во живот, благодарна сум на насобраните кои помогнаа да ја пренесеме до возилото, бидејќи истото немаше пристап до местото на настанот.
Голема благодарност најмногу и до човекот кој ја извадил давеничката од водата, до медицинската сестра, до возачот на амбулантното возило, до сите кои во тие моменти на некој начин помогнаа. Притрча и една жена која ни кажа дека има обука за спасувач, благодарни сме и и нејзе
– вели д-р Китанова.

Целата сторија прочитајте ја на “ФОКУС”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.