Само во Македонија, играат Пелистер со Охрид, битолчани промашуваат пенал, а играч на Охрид се фаќа за глава (Видео)

Пријателската средба помеѓу Пелистер и Охрид одиграна во Струга предизвика полемики во фудбалската јавност во Македонија.

Тежина на чаршиските шпекулации им даде навивачката група „Чкембари“, која излезе со став за некакви заткулисни игри на оваа средба, алудирајќи на тоа дека нешто е наместено, додека пак од Пелистер веднаш излегоа со демант и се оградија од такви случувања.

Демантот на клубот:

За време на ваквите препукувања, на социјалните мрежи деновиве е актуелна е снимката направена на пријателскиот натпревар меѓу Пелистер и Охрид, при пеналот за битолскиот клуб што не го реализира напаѓачот Нето.

Голманот на охриѓани го одбрани ударот на офанзивецот на Пелистер, но она што е чудно од сета оваа ситуација е што еден од дефанзивците на ФК Охрид по нереализираниот пенал на Пелистер се држи за глава.

Во описот на видеото пишува:

“Обратете внимани на 6та од Фк Охрид кој жалеше што фудбалерот на Пелистер не погоди… Чиста намештаљка од играчите на Фк Охрид за 1-0 голманот бега од топката а за 2-0 сите бегаат од топката. Страмота! Ало ФФМ и МВР превземете нешто против рѕезилот што беше денес”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.