Рома го дрма фудбалскиот пазар: Пасторе осмо засилување, стигнува и деветтото, а можеби и десетто…

Волчицата издвои 120 милиони евра за пазарење

Вистинска офанзива на Рома во летниот фудбалски пазар! Завршено е и осмото засилување… После него следува деветтото.

Нов играч на волчицата ќе стане Хавиер Пасторе. Аргентинецот се враќа во Сериа А за цена од 20 милиони евра плус 4 милиони за бонуси.

Рома веќе го донесе талентираниот везен играч Анте Чориќ од Динамо Загреб, потоа шпанскиот стопер Иван Маркано како слободен играч од Порто, италијанскиот играч Брајан Кристанте од Аталанта за 25 милиони евра, Џастин Клајверт од Ајакс за 17 милиони евра и искусниот голман Антонио Миранте.

Веќе утре во Рим пристигнуваат Давиде Сантон и Николо Заниоло од Интер кои се дел од размената во трансферот за Раџа Најголан кој премина во Интер.

Рома веројатно ќе го донесе и младиот дефанзивец Вилијам Бјанд од Ленс. Младиот Французин има 18 години и се споредува со Рафаел Варан. Тој волчицата ќе ја чини 4 милиони евра.

Мега засилување веројатно ќе биди и Хаким Зијех од Ајакс за кого Рома ќе издвои 30 милиони евра. Се работи за најталентираниот Мароканец чиј квалитет е веќе докажан. Волчицата по се изгледа сигурно ќе го добие и неговиот потпис, ако се има во предвид дека Ајакс веќе го договори трансферот на Душан Тадиќ како замена за Хаким.

Ако го донесе и Зијех, Рома ќе има 10 засилувања, а на нив ќе потроши над 120 милиони евра. Тие пари волчицата ќе ги заработи од продажбата на само двајца фудбалери, Најголан и голманот Алисон.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.