Рецепт за посна пица со ајвар и печурки: Крцкава и сочна, ќе ја подготвите за еден час

Дали има нешто подобро од започнувањето на денот со вкусен појадок во форма на најпопуларниот италијански специјалитет – пица? Не секогаш мора да биде со сувомеснати производи и сирење; всушност, најпопуларната верзија на италијанска пица не содржи ниту шунка ниту сланина, туку многу излупени домати на потенка основа од тестото, обично со моцарела.

Во нашиот регион, пицата е едно од омилените јадења што може да се јаде за време на постот – со полнење туна кога рибата е дозволена според црковните правила.

И ако ги почитувате правилата на постот, што овозможува консумирање риба само на Цветнници и Благовести, можете да направите пица од дозволените состојки – тоа ќе биде вкусно и без туна.

За тестото:
450 гр брашно
280 мл вода
70 мл масло
1/2 коцка свеж квасец
лажица сол
лажица шеќер

За полнење:
4 лажици кечап
4 чажици ајвар
100 гр маслинки
200 грама маринирани шампињони
1/2 главица кромид
3 поголеми кисели краставици
2 поголеми конзерви туна на парчиња
оригано по желба

Подготовка:
Загрејте ја водата така што е млака, додадете го квасецот и шеќерот и оставете го квасецот да се активира. Истурете го брашното во сад, додадете масло и месете го тестото со подготвениот квасец. Замесеното тесто оставете го да нарасне.

Во меѓувреме, исцедете ја туната од маслото и измешајте ја со ситно исечен кромид. Ако сте на строг пост, изоставете ја туната. Исечете ги шампињоните на потенки лисја, краставиците на коцки, а маслинките на кругови. Измешајте ајвар и кечап.

Тестото развлечете го со сукало, па спуштете го во тавата што претходно сте ја премачкале со масло. Ставете мешавина од кечап и ајвар врз тестото, а потоа наредете туна со кромид, печурки, краставици, маслинки и оригано.

Ставете ја тавата во рерна и печете ја пицата на 200 C додека не порумени. Украсете ја пицата со свежи листови од босилек и уживајте.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.