Ревија на европскиот филм во Прилеп – бесплатни проекции во киното “Мис Стон”

На 27 и 28. 9.2018 во кино Мис Стон при ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи Ревија на европскиот филм.

Ревијата ја организира Асоцијацијата на филмски професионалци и тв соработници – АФП на Македонија во рамките на манифестацијата НОВ КУЛТУРЕН БРАН.

Проекции на филмови во кино Мис Стон ќе има на:

27.09.2018 – „Центарот на мојот свет“ – 20.00 часот
28.09.2018 – „Голијат“ – 20.00 ч.
Влез слободен

Податоци за филмовите

„Центарот на мојотсвет“

Кратка содржина:

17-годишниот Фил се враќа од летен камп и се враќа во домот каде што живее со неговата мајка, Глас и неговата сестра-близначка, Дијана. Едвај имаат контакт со другите жители на селото кои сметаат дека семејството на Фил е чудно, а за Дијана велат дека може да разговара со животни. Меѓутоа, често ги посетува Тереза, адвокат, кој секогаш има добри совети за Фил. Фил забележува дека нешто се сменило меѓу неговата мајка и неговата сестра и дека повеќе не зборуваат една со друга. Но, сепак Фил ги поминува последните денови од својот летен одмор со неговиот најдобар пријател Кат. Кога почнува со училиште, во неговото одделение доаѓа мистериозниот Николас. Тој се вљубува во него и неговото пријателство со Кат поради завист и љубомора. Сега пред Фил стои предизвикот да откриja што е неговиот центар на с„Голијат“в„Голијат“етот.

Година:2016
Режија: Јакоб М. Ерва
Времетраење:115 мин
Земја: Германија/Австрија
Жанр:драма
Категорија:Трета категорија, 12 +

“Голијат”

Кратка содржина:

Љубовта на Давид и Џеси е ставена на тест кога Џеси ненамерно останува бремена. Помислата дека Давид ќе стане татко му предизвикува паника. Кога тие ќе бидат нападнати во возот, Давид не може да ја заштити својата девојка, со што му се потврдува неговиот страв дека тој не е прав маж за да се грижи за нив. Во очај, Давид почнува да зема стероиди поради што станува агресивен, станува закана за неговата девојка и за нероденото дете.

Година:2016
Режија: Доминик Лохер
Времетраење:85 мин
Земја: Швајцарија
Жанр:Драма




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.