Реакција на фирмата „Микомп“: Проектот е за реинкарнација на предмети, а не на луѓе

Во табелата од резултатите на Првиот јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од планот за економски раст (прв инвестициски бран) на Фондот за иновации, една од фирмите кои доби средства за иновирање е и прилепската фирма ДООЕЛ “Микомп”, објави вчера порталот “Експрес.мк”.

Средствата во висина од 211.500 денари за реинкарнација што ги добила фирмата „Микомп“ ДООЕЛ од Прилеп од Фондот за иновации се наменети за реинкарнација на мебел, а не на живи организми, се вели во реакцијата на фирмата, пренесува порталот “Експрес.мк”.

“Во рамките на тендерот за иновации на Фондот за иновации македонската влада објави дека ќе инвестира во реинкарнација, без да наведе за што точно станува збор.

Од сликата од официјалниот документ за доделените средства стои токму овој збор „реинкарнација“, како активност која е помогната од Владата.

Expres.mk во својот текст не наведе дека проектот е за реинкарнација на луѓе, туку даде објаснување на што генерално се мисли кога се користи овој збор”, велат од порталот.

“Во Прилеп ќе се оживуваат мртовци преку Фондот за иновации??”

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.