Пpeмиepa на пpeтcтавата “Снегyлки” на тeaтapoт “Bojдан Чернодрински”- Прилеп

„Светулки“, по текст од Тена Штивичиќ, во режија на Драгана Милошевски – Попова е премиерната претстава што на 10.7.2021/сабота/ од 20.00 ч. ќе ја изведе театарот „Војдан Чернодрински“.

Текст

„Третманот на актуелните прашања кои се поврзани со индивидуалната потрага на животниот пат во драмата Светулки од хрватската авторка Тена Штивичиќ претставува предизвик за секоја театарска продукција.

Протагонистите се заглавени во еден аеродром, на пола пат до својата конечна дестинација и не можат да го продолжат својот пат поради неочекуваното невреме. Заглавени во таа транзит зона тие ги преиспитуваат своите животи, желби, своето минато, тоа за кое копнеат и тоа кое сакаат да го заборават. Во една навидум едноставна и минлива состојба тие прават силни одлуки кои ќе им го променат животот и целиот светоглед.

Тена Штивичиќ е една од најпоставуваните хрватски авторки кои со својот ненаметлив стил дава искрена слика за тоа како изгледа животот во 21 век преку призмата на различни секојдневни ликови претставени од неколку различни генерации и социјални профили. Нејзините ликови се луѓето кои ги среќаваме насекаде, со кои се разминуваме, со кои разменуваме мислења, со кои се дружиме, со кои го поминуваме нашето време… сите тие кои мунуваат низ различни аеродроми за да ја најдат својата конечна дестинација која ќе ги направи среќни.

Современиот пристап во сценското прикажување на режисерката Драгана М. Попова филигрански ќе го надополнува дејствието давајќи му суптилност и леснотија во играта. Претставата треба да ја оствари таа интимна врска со публиката преку откривањето на навидум едноставните, секојдневни животи во контраст со тежината која тие ја содржат и ја носат со себе.

Сценографија – Валентин Светозарев
Костимографија – Роза Трајческа – Ристовска
Композитор – Ирена Поповиќ – Драговиќ
Драматурзи – Ивана Нелковска и Лидија Митоска Ѓоргиовска
Сценски движења и кореографија – Игор Киров
Превод – Владимир Јанковски

Играат: КЛАРА – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА, ОЛГА/БРЕНДА – КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА-КЛИНЧЕСКА, МАРТИН – ИГОР ТРПЧЕСКИ, ОЛИВЕР – МАРЈАН ЧАКМАКОСКИ, ЖАНА – МАРИЈА СПИРКОСКА-ИЛИЈЕСКА, ТОНИ – ЗОРАН ИВАНОСКИ, АЊА – АНГЕЛА НАУМОСКА, ЛЕНА – ЈАСМИНА МИЦОВСКА-СТАНКОСКА, ЧЕРИ – НАТАША АЧАНСКИ, БЛУ – АЛЕКСАНДАР ТОДЕСКИ, ФЕЛИПЕ – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ, ПИЛОТОТ – ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ, ПАТНИЧКАТА СО ВЕСНИК – ЕЛЕНА ИВАНОСКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.