ПРОМЕНИ ВО МИЛАН: Близок пријател на Берлускони застана на чело на клубот

„Елиот менаџмент“ денеска го постави Паоло Скарони за нов привремен претседател на клубот, како и членови на управата кои ќе бидат во клубот до 2020. година.

Откако Елиот го конфискуваше Милан бидејќи Ли Јонгхонг не го врати долгот, фондот денеска именуваше свои луѓе во бордот на директори.

Ли Јонгхонг, контроверзниот бизнисмен од Кина, е разрешен од функцијата претседател, а „клоца“ добија и останатите директори од Кина: Дејвид Хан Ли, Лу Бо и Ксу Реншуо. Отказ доби и генералниот извршен директор Марко Фасоне.

Нов претседател на Милан ќе биде Паоло Скарони, а новиот борд на директори ќе го сочинуваат: Марко Патуано, Франк Тули, Џорџо Фурлани, Стефано Кочирио, Салваторе Черкионе, Алфредо Грака и Џанлука Д’Aванцо.

Најголема промена претставува отказот на Марко Фасоне и Масимилијано Мирабели, а тоа не е големо изненадување бидејќи нивните засилувања не се покажаа најдобро во минатата сезона.

Инвестицискиот фонд не беше задоволен со нивната работа и поради тоа решија да ја прекинат соработката, а на „Сан Сиро“ ќе видиме нови лица, како што е Леонардо, против кого навивачите протестираа.

Новиот претседател Скарони во италијанската јавност важи за добар пријател и деловен партнер на Силвио Берлускони.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.