Прилеп го одбележува “Денот на ослободувањето” – 3-ти Ноември

_mg_7888

По повод одбележувањето 3-ти Ноември „Денот на ослободувањето на Прилеп“, делегации од Локалната самоуправа на Општина Прилеп, Советот, АРМ и Сојузот на борци од Прилеп положија свежо цвеќе пред споменикот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски – Питу, на Могилата на непобедените и пред споменикот кај Песјобрдце. На истите локации по повод 3-ти Ноември свежо цвеќе положија и претсавници од останатите политички структури и група граѓани. Во рамки на одбележувањето на празникот во центарот на Прилеп, се приклучи и Ротари клубот кој организираше хуманитарен хепенинг.

_mg_8231

_mg_8069

_mg_8084

_mg_8189

 

 

 

_mg_8241

_mg_8246

_mg_7941

Патеката на славните по повод празникот ќе биде збогатена со имиња како што се: Блаже Алексоски, Љубен Димкароски и Петар Башески.
Вечерва во 19.00 часот во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“, на свечена седница ќе бидат доделени плакети и дипломи на овогодинешните добитници за 3-ти Ноември.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.