Прилепскиот бокс останува на самиот врв: Четири медали за боксерите на “АС” од Државното првенство

Викендов во Штип, во организација на Боксерскиот клуб “Пинк пантер” се одржаа финалните борби од Државното поединечно првенство во бокс.

Публиката уживаше во одлични борби во кои натпреварувачите ги оправдаа очекувањата. Боксерите од клуб “АС” од Прилеп дома се вратија до два златни и два бронзени медали.

Во категорија на деца до 60 кг. Мендерес Еминос со 2:0 триумфираше над Лука Гроздановски од “А. Огненосвки”, а во истата категорија до 63кг., Димитар Талимче победи со истиот резултат против Матеј Батковски “А. Огненовски”.

Матеј Чатлески го освои бронзениот медал во категорија на јуниори до 80кг. Чатлески, кој беше два пати државен првак во минатите две години, настапуваше со повреда на рамото, па самото искачување на пиедесталот е успех.

Бронзен медал освои и Влатко Димески.

Овие резултати се секако огромен успех за прилепските боксери, пред се затоа што го продолжуваат континуитетот на освојување медали на големите натпреварувања, како во Македонија, така и надвор од границите на нашата држава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.