Преподобен Јован Старопештерник – светецот кој се празнува денеска

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 aприл.

Денеска е Преподобен Јован Старопештерник.

Живеел во осмиот век. Како млад многу патувал, среќавајќи се со големите духовници во тоа време, полека подготвувајќи се и самиот да се повлече од светот. Подоцна се населил во стариот манастир, основан уште од свети Харитон Исповедник (од третиот до четвртиот век) близу Ерусалим. За црква во овој манастир служела една пештера во која престојувал свети Харитон, па затоа и Јован бил наречен Старопештерник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.