Премиера на претставата “Обѕрни се во гнев”

DSCN8873

Во недела 8 мај 2016 во 20.00 часот во театарот,,Војдан  Чернодрински,, премиерно ќе биде прикажана претставата ,,Обѕрни се во гнев,,.

Автор: Џон Озборн

Режија: Кристина Димитрова

Драматурзи: Ивана Нелковска,Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Сценографија и костими: Илина Ангеловска

Музика: Дарија Андовска

Превод: Лидија Митоска -Ѓорѓиевска

Играат:

ЏИМИ – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ

АЛИСОН – КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА – КЛИНЧЕСКА

КЛИФ – ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ

ХЕЛЕНА – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА

За претставата

Џон Озборнверува дека театарот треба да се базира на чувствата и животот на луѓето. Поради тоа, најмногу се занимава со оној вид на театар што нуди витална, емоционална динамика, театар што продира низ класните бариери и сите препреки поставени кон патот на чувствата. Убеден е дека ни требаат нови театарски чувства, како што ни треба и нов театарски јазик.

„Обѕрни се во гневот“ ја отсликува побуната на младата несфатена повоена генерација, против генерацијата на нивните родители кои го довеле општеството до пропаѓање во морална и финансиска смисла. Се работи за побуна против светотво којшто владеат материјалните вредности, лицемерието на општеството кон луѓето што се борат за својот напредок а не добиваат ништо, за безволноста, за човечкиот гнев, осаменоста…

-Текстот се поставува по точно 60 години од неговата прва изведба, a темите кои ги обработува, денес сеисто толку актуелни како во времето кога е напишан – вели режисерката Кристина Димитрова.

poster




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.