Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржува настанот „Ден на спортот“ кој се реализира во
рамки на програмата Спортски игри за младите-најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа, со повеќе од 29 години традиција и која оваа година Федерацијата на училишен спорт на Македонија ја реализира на територијата на Македонија.
Овој еднодневен спортско-едукативен настан наменет за деца од основните училишта промовира масовно и бесплатно учество во спортот, инклузивност, родова еднаквост, здрави животни навики и фер игра.
Во рамките на настанот децата се натпреваруваат во „народна “, атлетика-трчање на 60 метри, како и во други спортови.
Општина Битола која даде поддршка на настанот, претставува значаен промотор и поддржувач на младите и спортот како и масовната физичка активност и здравиот начин на живот.
На настанот се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
„Општина Битола е една од општините која чинам дека најмногу вложува во спортската училишна инфраструктура. Речиси и да нема училиште каде нема да се реновираат спортските игралишта, некаде тоа е започнато, во најголем дел нови спортски терени, а во дел од основните училишта и модерни типски спортски сали. Исто така сакам да истакнам и дека привршуваат работите и на изградба на затворениот пливачки базен во ОУ „Даме Груев“.
Исто така често сме имаме инвестиции и во спортска опрема за изведување на наставата во училиштата на часовите по физичко и здравствено образование“ истакна градоначалникот Коњановски.
Овие игри според бројот на учесници низ годините, гo прави најголемиот аматерски спортски настан во Европа, под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија, УЕФА и ФИДЕ.
Кока-Кола Куп е најголемиот малоклубен фудбалски турнир во Европа, организиран дванаесетти пат по ред под капата на Плазма спотските игри на младите.
На настанот присутни беа и претседателот на Советот Бојан Бојкоски и секретарот на Општина Битола Борче Димитровски.





































