Изложбата „ДЕТСКИ ЦРТЕЖ“ од Ателје Артика во петок во Прилеп

На 5 јуни 2026 г. /петок/ од 18.30 ч. во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ДЕТСКИ ЦРТЕЖ“ од Ателје Артика.

Ќе бидат изложени 150 цртежи на ученици кои посеетуваат настава во ателјето. Изложбата е поддржана од Министерство за култура и труизам.

Ателје Артика, основано во 2021 година, претставува простор посветен на креативноста, уметничкото истражување и развојот на ликовниот израз. Во ателјето се реализираат часови по цртање, сликање, графика и скулптура, наменети за деца, млади и возрасни со различни интереси и нивоа на искуство. Преку внимателно осмислен образовен процес, Ателје Артика ја поттикнува љубопитноста, како и креативното размислување и индивидуалниот уметнички развој на своите ученици. Наставата се фокусира на стекнување на технички знаења, но и на охрабрување на личниот израз и создавање на уметнички дела со сопствена автентичност.

Ателјето е предводено од ликовните педагози Елена Димоска Николоска и Методи Исков, кои преку своето искуство и посветеност создаваат средина што поттикнува учење, истражување и инспирација преку уметноста и креативното изразување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.