ПОТЕГ ЗА ПОЧИТ: Градоначалникот на Кавадарци заедно со вработените во јавните претпријатија и институции го чистеа градот (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Ретко кога и ретко каде се гледа градоначалникот на една општина да собира отпадоци, но во општина за пример каква што е Кавадарци во изминативе месеци, и тоа е можно.

Денеска вработените во Локална самоуправа, ЈП Комуналец, Домот на култура, Музеј и галерија, Противпожарната единица, СЦ “Јасмин” и Библиотека “Феткин”, заедно со градоначалникот Митко Јанчев, имаа акција за чистење на 15 локации во градот.

Вработените заедно со градоначалникот беа поделени во тимови и чистеа низ различни локации.

Оваа акција е спроведена со цел да се подигне свеста на граѓаните на повисоко ниво и пред се за убаво и чисто Кавадарци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.