Посета на подрачната единица на Македонија пат

IMG_2397

Градоначалникот Марјан Ристески, ја посети подрачната единица на Македонија пат  кои и оваа зима се подготвени за доаѓањето на првиот снег. Од подрачната единица на Македонија пат соопштуваат дека е подготвена  целата  механизација  која доколку е потребно ќе  интервенира за новогодишните и Божиќните празници за да им обезбеди проодни патишта на граѓаните на Прилеп и околината, како и на сите кои сакаат најлудата ноќ да ја поминат во Прилеп. Воедно посочија дека набавени се 200 тони сол и 400м3 ризла. Градоначалникот Ристески посочи дека соработката со Македонија пат продолжува  и понатаму, а за најмладите како секоја година така и ова, Дедо Мраз обезбеди новогодишни пакетчиња.

IMG_2414

IMG_2420

IMG_2429

IMG_2434

IMG_2400

IMG_2404

IMG_2405




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.