Поповска контра Заев: “Никогаш Македонците ниту присвојувале туѓи територии, ниту туѓе историја”

Пратеничката од ДОМ Лилјана Поповска, се огласи на социјалните мрежи во однос на изјавата на премиерот Зоран Заев за грчката телевизија Алфа, дека Македонија присвојувала светска, балканска и туѓа историја.

Актуелната пратеничка од ДОМ, Лилјана Поповска напиша статус во која вели дека никогаш Македонците ниту присвојувале туѓи територии, ниту туѓа историја.

–Никогаш Македонците ниту присвојувале туѓи територии, ниту туѓа историја. Било обратно, зашто нашите соседи пред нас формирале свои држави и обезбедиле моќни сојузници. Се уште има живи сведоци за македонските голготи и неприфатливо е некогашните завојувачи да ни држат придики.Напротив, во духот на европските вредности за меѓусебно почитување и толеранција, треба да ја прифатат историјата каква што била и да им се извинат на Македонците за сето зло и болка што им го нанеле, напиша Поповска на фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.