Политичарите ширум светот можат да учат од него! Австрискиот канцелар лета во нискобуџетна компанија, без обезбедување и делегација (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави интересна фотографија, на која се гледа австрискиот канцелар Себастијан Курц како влегува во авион на нискобуџетната компанија “Еуровингс” (компанија на ранг на познатата во Македонија “Виз Ер”).

Фотографијата ја сподели Никола Грубишиќ, Хрват по потекло од Осјек, а во описот на истата напиша:

“И така седнува јас синоќа на лет од Барселона за Виена, патувам со нискобуџетната компанија “Еуровинг”, кога влегува познат лик – гледам децата се фотографираат со него, а возрасните го поздравуваат, ја прашувам стјуардесата за кого се работи, вели австрискиот канцелар Себастијан Курц…

Значи австрискиот канцелар уредно чекаше со сите останати патници за нискобуџетен лет кој каснеше околу 2 часа, седна во економска класа, без делегација, обезбедување и останатите пиздарии без кои нашите политичари не можат ниту во ВЦ…

Koга слетавме во Виена мислев дека барем таму ќе го чека обезбедување, медиуми…Човекот излезе како сите останати патници, сам си го зеде својот багаж и сам го напушти аеродромот..

И тогаш направете паралела со нашите политичари кои мислат дека се Богови”, пишува Грубишиќ во својот пост на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.