Пензионерка го пресретна Ковачевски во маркет: Цените се до плафон, какво е ова поевтинување (ВИДЕО)

Пензионерка која претходно разбра дека премиерот Димитар Ковачевски ќе пазари во локален маркет во скопската населба Тафталиџе во 10.30 часот, го пречека за да му се пожали дека со малата пензија не може да се носи со актуелната инфлација на производите.

Дополнително, му рече дека цените се замрзнати на некои производи откако претходно енормно поскапеле. Ковачевски на тоа рече дека пензиите двапати годишно се зголемуваат процентуално и дека цените се насекаде зголемени поради војната во Украина.

– Цените ги намаливме со владини одлуки или низ разговори со стопански комори. Таму каде што не можевме да постигнеме џентлменски договор, ги намаливме цените со владина одлука, рече Ковачевски.

Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски во изминатиот период често ги посетуваат маркетите и ја убедуваат јавноста дека цените се намалени.

Видеото погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.