Падна првата жртва на “Преспанскиот договор”: Грчкиот министер за надворешни работи поднесе оставка

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас поднесол оставка од својата функција – пишува грчкиот весник “Катимерини”.

Koѕијас на овој потег се реши еден ден после тензичниот состанок на владиниот кабинет каде тој се судрил со министерот за одбрана Панос Каменос околу договорот од Преспа.

Извори за “Катимерини” велат дека Коѕијас бил незадоволен поради тоа што Премиерот Алексис Ципрас не го поддржал во расправата со Каменос.

Според истите извори Каменос го обвинил Коѕијас за лошо управување со тајните фондови на Министерството за надворешни работи и дека е човек на американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Не е познато дали Алексис Ципрас ќе ја прифати оставката на неговиот министер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.