Откако ги светнаа Маркови Кули, еко активистите од Прилеп за утре повикуваат на нова акција

Утре (недела) 4-ти април, од 12 до 15 часот ќе се одржи уште една еко акција за чистење на Прилеп и околината. Исто како и првиот пат, иницијативата е идеја на Виктор Петроски, еко активист кој што ги поттикна прилепчани да излезат и да се вклучат за почист град, а со тоа да ја подигнат свеста кај своите сограѓани да се грижат за Прилеп.

Локацијата е Селце, кај манастирот „Свети Димитриј“. Се’ што е потребно за учество е добра волја, нараквици и кеси и расположение за дружба!

Ова е настанот креиран на Фејсбук групата:

“Да си го исчистиме градот! Да ја покажиме нашата човечка природа. Да ја прошириме eко cвеста и да си го исчистиме ПРИЛЕП. После првата успешна акција на 28-ми каде Марковите Кули блеснаа во првобитната убавина, да ја пpодолжиме оваа интенција со следна локација.

1. Локација Маркови Кули – Исчистено!

Следно: 2. Локација Селце 4.4.2021 – две места за собир: 1. Подвожнакот; 2. Манастирот

Една група да тргне од подвожнакот и една да пристигне уште веднаш кај манастирот. Добредојдено е ако споделите на стори и на зид!

Еден поинаков краток излет. Прилеп има моментално потреба од акција за чистење! Следна локација во Селце. Еден пакет кеси за ѓубре 10кеси е од 60 до 100ден.

Малце и дружба, малце еко акција.Настанов нека биди колективна инспирација да го видиме Прилеп чист. И ве молам не постирајте статуси од било каков демотивирачки карактер. Протоколите за Ковид да се почитуваат”.

Повеќе за првата акција погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.