Ограбувал жена пред банкомат, па му паднало жал кога ѝ ја видел сметката (ВИДЕО)

Еден необичен кинески крадец привлече доста внимание на Интернет кога ограбил жена, па потоа и ги вратил парите.

Тој од позади грб ја ограбил жената додека си вадела пари од банкомат.

Таа во паника му дала мала сума, што крадецот не бил задоволен, па посакал уште. И се заканил со нож и рекол да подигне уште пари. Кога ја отворила сметката, крадецот почнал да се смее – на неа немало пари.

На крадецот му паднало жал, па и ги вратил украдените пари.

Безбедносните камери го фатиле крадецот како заминува смеејќи се, но сепак бил уапсен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.