Оваа бактерија е тивок убиец кој го јаде стомакот – ова се симптомите

Една од најчестите инфекции во светот е инфекцијата на желудникот со бактеријата Хеликобактер пилори.

Најновите медицински испитувања покажуваат дека оваа бактерија има живеалиште кај 80-90% од луѓето во неразвиените земји. Локализирана е во слузта над епителот на желудникот, каде има совршени услови за живот и до неколку децении.

Голем број лица со инфекцијата немаат стомачни тегоби. Кога се присутни, најчесто се јавуваат болки во горните делови на стомакот, мачнина, надуеност, отежнато варење, некогаш и повраќање.

Кога ќе дојде до настанок на улкус, т.е. чир, болките или чувството на печење во горните делови на стомакот се зголемуваат, често се јавуваат еден час или повеќе после оброкот и многу често во текот на ноќта.

Овие симптоми најчесто се намалуваат или времено се отстрануваат со лекови кои го намалуваат или спречуваат лачењето на желудочната киселина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.