Ново уникатно место во градот: “NO NAME” e локал по сечиј вкус

10

Во центарот на Прилеп се појави  “NO NAME”, локал за опуштање, релаксација, место за кафе дружење и забава.

Прилепчани добија интересен спој на можности на едно место, што одлично ќе му годи на секој после напорниот ден на работа и ќе претставува вистинско место-терапија за бистрење глава и средување мисли.

Одличниот амбиент и прекрасната внатрешна уреденост, надополнети со културна услуга, но и ниските цени, се вистински магнет.

Покрај кафе дружење, локалот располага со повеќе Плејстејшени и пикада, што секако се мотив плус да поменете одлично, забавно време.

Тројцата млади сопственици, тука ја вложија целата своја иновативност, енергија, но и претходно искуство, се со цел да обезбедат топлина и пријатна енергија во својот втор дом.

“No Name”  е број еден локација за студените зимски денови, а за сончевите денови, тука е летната бавча која е вистинско скриено катче за мирно уживање во центарот на Прилеп.

“No Name” се наоѓа позади бизнис центарот во Прилеп, или веднаш одспротива на клуб “Калипсо”.

На сопствениците им посакуваме среќа и убави, успешни денови пред нив!

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.