Новиот министер веднаш покажа дека може поинаку

Доцна синоќа е завршена ревизијата на нефункционалните закажани термини за фотографирање на исправи.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека над 30.000 телефонски закажувања го блокираат процесот.

Додава дека пунктовите кои се направени се популистички мерки кои се многу слабо менаџирани. Најави дека во следниот период ќе се воведе двосменско работење за да им се излезе пресрет на граѓаните.

„165.000 граѓани во Скопје имаат закажано термин за вадење на лични документи, кој што број вчера во неделата мојот тим со луѓето вработени во рамките на МВР констатираа дека е неточен“, објаснува Тошковски.

Според него голем дел од предметните закажувања се фиктивни, голем дел од предметните закажувања не се споредени со оние коишто се предомислиле од редовна да влезат во итна постапка, или пак поминале да се сликаат во рамки на пунктот Пролет.

„Така да оваа бројка сама по себе откога направивме првично споредување на податоците ќе падне за отприлика некаде околу 20 отсто. Тоа значи дека отприлика некаде околу 30.000 телефонски закажувања се непотребни, односно несуштински и го оптеретуваат системот, и нереално наместо граѓаните да закажат во август – септември, закажувале во ноември – декември. Тоа е прво. Второ, многу важно, кое ќе биде нашето дејствување од апсект на реорганизирање, пунктот Пролет само уште денес и утре ќе функционира така како што функционира“, вели министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.