Новинарка ја прашала Меркел зошто носи иста облека, нејзиниот одговор нашите политичари треба да го знаат како “Оче наш”

Германците ја избраа да ги води, а таа 18 години компетентно, вешто и храбро водеше повеќе од 80 милиони луѓе.

За време на овие 18 години додека беше канцелар на Германија, за неа не се слушна ниту еден скандал.

Не именуваше никој од своите роднини за секретар или министер. Таа не тврдеше дека е креатор на славата. Не се бореше против нејзините претходници, или со оние кои не и’ одговараа. Не зборуваше глупости и не се појавуваше низ улиците на Берлин за фотографирање.

Вчера Меркел ја напушти позицијата претседател на партијата, a веќе изјави дека нема да се кандидира на следните избори во 2021 година.

Медиумите денеска издвоија неколку нејзини одговори на новинарски прашања:

Новинарка: “Забележавме дека вашата облека се повторува на вашите настапи. Зошто?”

Meркел: “Jaс сум државен службеник, а не модел”.

На друга конференција новинарите ја прашале: “Имате ли куќна помошничка која ви ја чисти куќата, ви подготвува храна и така натаму?”

Меркел одговорила: “Не, немам помошнички и не ми требаат. Сопругот и јас секој ден ги извршуваме работите дома”.

Toгаш друг новинар прашал: “Кој ја пере облеката, вие, или вашиот сопруг?”

Meркел одговорила: “Јас ја средувам облеката, а мојот сопруг управува со машината за веш, и тоа обично се го прави навечер”.

После овие прашања Меркел додала: “Очекував дека ќе ме прашате за успесите и неуспесите од работата на владата”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.