НОВА НЕСРЕЌА НА ПЛЕТВАР! Автомбил излета во провалија – сообраќајот во голем застој!

Нова сообраќајна несреќа се случила попладнево на планинскиот превој Плетвар.

Како што дознаваме, автомобил марка “опел кадет” со прилепски регистарски таблици излетал од патот и пропаднал во провалија.

Моментално сообраќајот е во голем застој, а на лице место се екипи на полицијата и брзата помош.

Засега не е познато дали има повредени или настрадани при несреќата.

Повеќе информации подоцна!

Пред два дена на Плетвар се судрија два камиони, при што три лица беа повредени.

Детали за денешната сообраќајна несреќа на Плетвар во која се судрија два камиони (ФОТО)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.