Бојан Радовановиќ (49), сопственик на хотелот “Престиж” во Белград, утрово околу 7 часот, по четврт пат се качи на кровот на хотелот заканувајќи се дека повторно ќе скокне. Тој вели дека извршителите сакаат да го наплатат долгот од 300.000 евра.
Овој пат тој го радикализираше протестот така што одлучил да штрајкува со глад, а на кровот на хотелот поставил и огромен плакат на кој пишува “Штрајк со глад”. Тој повторно ја носеше маицата со ликот од претседателот на Србија Александар Вучиќ и повтори дека “само тој може да му помогне”.
На лице место се и извршителите кои денес сакаат да го затворат овој предмет. Радовановиќ е опколен со новинари и рече дека нема да слезе од покривот додека овој случај не заврши.