Ништо од пролетта – мечката Гоца предвиде долга зима

Американците го имаат мрмотот Фил, Србите мечката Гоца како временски прогнозер.

ggggggg-1

Ако се суди според вториот случај, Србија и регионот ќе го почекаат крајот на зимата.

Мечката Гоца од зоолошката градина во Белград, мрзоволно се извлече од својата пештера и остана да лежи без да се прошета во потрага по храна, што според верувањата, значи дека пролетта нема да подрани, а зимата би траела уште шест недели.

Белграѓани секоја година со внимание го следат однесувањето на Гоца, точно 40 дена по Божик кога и најчесто завршува зимскиот сон на мечките во дивината.

Тогаш тие излегуваат и тргнуваат во лов, со што симболично го најавуваат крајот на зимата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.