НИКОГАШ ПОСМЕЛА: Елена Велевска во танга и корсет со тантела руши табуа! (ФОТО)

Фолк пејачката Елена Велевска пред извесно време најави дека ќе го освојува бугарскиот пазар. Последниов период таа често е на релација на Охрид-Софија каде работи на својата прва песна која ќе биде дует со познатиот бугарски пејач Фики.

el-1

Покрај ангажманите кои ги имам во Македонија, деновиве често сум на релација Охрид-Софија каде работам на мојата прва песна за тамошниот пазар. Покрај тоа имав можност да гостувам во неколку ТВ емисии каде ја промовирав мојата авторска музика, но и македонската староградска песна.

1el-1

Во Бугарија многу се слуша нашата изворна музика. Револтирана сум и не можам да сфатам како може во Бугарија во ударен термин да се емитува македонска музика без никаков проблем, а кај нас не. Нашите медиуми македонската песна ја емитуваат во термини кои никој не ги гледа,за жал,и се надевам дека работите за многу скоро ќе се променат, изјави Елена Велевска.

2el-1

-Ако недоволно сме ценети дома мислам дека е време да се проба соработка со нашите соседи. И без тоа ние на крај ја сфаќаме вредноста на нашите уметници, можеби и кога веќе е доцна за жал. Подготвена сум за балканска кариера и никогаш посигурна во себе не сум била во мојата намера, додаде таа.

3el-1

Елена не почести со нова фотосесија во долна облека каде ги поместува границите за сексапил. Погледнете дел од неа!

4el-1

Извор: Вистина.мк




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.