Несторовски со искрена желба за новата година: Сакам опстанок со Палермо во Серија А (ВИДЕО)

Во разочарувачката полусезона на Палермо единствена светла точка беше Илија Несторовски.

nestorovski-1-640x437

Македонскиот ас од страна на многумина беше потценуван откако пристигна од Интер Запрешиќ, малку кој очекуваше дека ќе добие соодветна шанса во Калчо-лигата, но Несторовски блесна во сиот свој сјај и со бројни погодоци покажа дека е вистински лидер на нападот на сицилијанскиот клуб.

Токму затоа, официјалната веб-страница на Палермо токму со него го направи новогодишното интервју, во кое Македонецот уште еднаш скромно потенцираше дека приоритет не му се сопствените голови, туку успесите на тимови.

– Оваа 2016 беше добра година за мене, работев добро во Хрватска, а ги освоив и симпатиите во Палермо. Задоволен сум од личните успеси, но тоа не значи премногу ако се земе во предвид нашиот пласман на табелата. Сепак, мораме да останеме обединети и да дадеме се од себе во следниот период, има уште многу да се игра. Желба за Нова година ми е да обезбедиме опстанок со Палермо. Поддршката од навивачите сигурно ќе ни биде неопходна, но тие и досега беа со нас и очекувам да продолжат во ист стил – изјави Несторовски.

Македонецот воедно го издвои и својот најубав момент во 2016 година.

– Првиот гол во Серија А, оној за победа против Аталанта, дефинитивно ми е омилен момент во 2016 година – истакнува македонскиот голгетер.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.