Нема лимит за тимот на “Плодност”: Oгромна циста со 2 литри течност извадена кај 17-годишна девојка, за еден ден девојчето испратено дома

Тимот на болницата “Плодност” од Битола уште еднаш покажа дека за нив не постои лимит, кога е во прашање полето на лапароскопската хирургија.

Во текот на вчерашниот ден по лапароскопски пат кај 17 годишна девојка во болницата, била извадена огромна циста, која содржела течност од 2 литри и го исполнувала целиот абдомен на девојката.

„Ваквите цисти најчесто се отстрануваат со класична операција, но ние уште еднаш докажавме дека нема лимит кај нас во полето на лапароскопската хирургија. Денес, девојчето ја напушти болницата, што всушност е најголемата предност на лапароскопските операции, односно брзо опоравување на пациентите, мали посекотини од 5 mm на стомакот и брзо враќање на работните обврски, кратка хоспитализација од само еден ден и што е најважно, има козметички ефект кој што е многу значаен, особено за младите девојки“, вели д-р Христијан Трпчевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.