Натпревар по мултимедија во градот Сандански, Бугарија за ученици од СОЕПТУ “Кузман Јосифоски” – Питу

^EEEB785A8674869003C9F4F289DE479B7574576D1023342B75^pimgpsh_fullsize_distr

На покана од средното стручно училиште – Земјоделска професионална гимназија „Климент Темирјазев “ – Сандански, Бугарија, претставници од СОЕПТУ„Кузман Јосифоски – Питу “- Прилеп, предводени од  професорката по информатика м-р Мимоза Мијоска  на 21-ви и 22-ри април 2017 година, учествуваа на петтото меѓународно натпреварување „Земјата – позната и непозната“,  на тема „Земјата е жив организам. Не ја лутете “.

18235810_205644796614997_1031967639_o

Во изработката на проектите, учесниците, поаѓаа од ставот на природните и општествените науки, на претприемништвото, на граѓанското и здравственото образование и екологијата. Како алатка за развој  на проектите се користеше информатичката технологија.

18209758_205644793281664_456235323_o

На натпреварот учествуваше екипа од две претставнички од СОЕПТУ„Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп: Стефани Клекачкоска од I-3 клас и Ивона Настеска од I-3 клас. Натпреварот се состоеше од три дела:

18236027_205644779948332_1156932739_o1

  1. Изработка на презентација или кратко видео – овој дел беше  со елиминационен карактер, а претставничките од  СОЕПТУ„Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп освоија трето место со видеото со тема „Ефект – пеперутка”.
  2. Решавање на студија на случај.
  3. Изработка на постер.

^C5E2BA619566659FA68F51D80E13219A362A29E43A996C6B2F^pimgpsh_fullsize_distr

Нашите претставнички рамо до рамо се натпреваруваа на меѓународниот натпревар со претставници од десетина средни училишта од Бугарија и Македонија. Крајниот пласман на нашата екипа во силната конкуренција е 5-то  место.

Како посебен настан на натпреварот може да се истакне засадувањето на бреза во училишниот двор во чест на починатата професорка Соња Терзијска една од основачите на натпреварот.  Со овој чин се подобрува  воспитувањето  на младите и се подигнува  нивната еколошка свест.

Со натпреварот традиционално се обележува Денот на планетата Земја, 22 Април.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.