НАСЛЕДНИКОТ Е РОДЕН: Ова е првата фотографија од новата Нокиа 3310 (ФОТО+ВИДЕО)

Фановите конечко можат да ја видат новата легендарна Нокиа 3310.

nokia-23-620x350

Компанијата HMD Global официјално, на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона го претстави долгоочекуваниот нов современ модел на легендарната Нокиа 3310.

 

Nokia-3310a

Се што до сега се знае е тоа дека новата Нокиа 3310 има екран во боја, по дизајнот многу потсетува на својот претходник, а има и камера од 2 мегапиксели. Телефонот не е смартфон и има слични опции како својот претходник, и тоа: телефонирање, пораки, силна батерија која трае со денови….

Исто така, легендарната “змија” се враќа заедно со овој телефон.

Nokia-3310

Новата Нокиа 3310 е достапен телефон за секого.

 

Nokia-3310c

Она што е за пофалба е батеријата, која може да издржи и до 22 часа разговори и импресивни месец дена на “стендбај” режим. Телефонот е достапен во сива, црвена, жолта и тегет боја.

Новата Нокиа 3310 ќе чини 49 евра, а во продажба ќе биде во вториот квартал оваа година.

Pogledajte video:

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.