Миле Талевски лапнал околу 603.000 ден. за патни трошоци за да го “брани” Прилеп, плус плата од 140.000 денари

Пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски, e во првите тројца најголеми трошаџии на државниот буџет за патни трошоци во Собранието – објави “Инфомакс”

Според објавениот текст, Миле Талевски во 2023 година за патни трошоци побарал и добил 602.929 денари. Талевски бил во Собранието 83 дена, што значи дека во просек добивал по 119 евра за секој ден.

Пред Талевски на листата е Јадранка Поцкова која за патни трошоци земала 676.414 денари и Љубица Спасова со 613.983 денари.

Ова не се сите пратеници, туку само рекордерите по земени патни трошоци со суми околку од над 600.000 илјади денари, но важно е да се напомене дека сите пратеници ја чинат Македонија вкупно 19.519.200 ДЕНАРИ или 320 ИЛЈАДИ ЕВРА!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.