Меланија Трамп очајна и несреќна: Првата дама заробена во златната кула

ewqtgreahtrjy

Меланија Трам е многу несреќна како прва дама на Америка и тешко се снаоѓа со тоа што ја носи таа улога.

Тешко и паѓа фактот дека е „на мета“ на медиумите кои постојано ја набљудуваат и објавуваат детали за неа, а често и се исемјуваат на нејзина сметка.

– Ваковиот животот на неа не и беше сон, туку на Доналд. Меланија не знае како да се носи со оваа ситуација, рекол пријателот на семејството и стилист Филип Блох.

– Нејзиниот живот не е типичен за прва дама. Имено, додека нејзиниот сопруг е во Белата куќа, таа е заробена во Њујорк во вилата на Трамп на Петтата авенија каде нивниот 10-годишен син Барон има цел спрат само за себе“.

Таа oд 1996 година дошла во Амeрика за да изгради модна кариера, но немала намера да стане прва дама на Америка. Очајна е и несреќна поради тоа што во еден час и се преврти животот, вели близок пријател на семејството Трамп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.