Мега баскет стигна до втората победа! Во Прилеп совладан Тетекс

Кошаркарите на прилепскиот клуб Мега баскет ја забележаа втората победа во Втората кошаркарска лига, откако вчера во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски”, го совладаа Тетекс.

Крајниот резултат на семафорот беше 87:79, победа во која голем придонес имаше поддршката од трибините.

Во досегашниот дел од сезоната прилепчани забележаа и три порази, но овие момци ја заслужуваат целата поддршка од спортските вљубеници, пред се’ затоа што се работи за млада екипа, со скромен буџет, но со голема желба за натпреварување и оставање срце на терен.

Во наредното коло Мега баскет му гостува на Борец.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.