Македонија има нови Сирми Војводи: Девојки капа долу и среќен пат кон славно Крушево (ФОТО)

Околу 20 коњаници денеска од 17:00 часот од паркот “Јане Сандански” се упатија до црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, а после манифестацијата која започна од 19:00 се упатија за славното Крушево.

Коњаниците се на возраст од 18 до 65 години, а оваа година дел од “Илинденскиот марш” се и две девојки.

Едната Драгана Каловска беше дел и од ланскиот марш кога успешно пристигна во Крушево. Оваа година друштво и прави Елена Мишева, исто така од Скопје.

Tрадиционалниот “Илинденски марш 2018” се одржува по 40-ти пат, а на Втори август за Илинден во Крушево ќе се сретнат повеќе коњички групи, кои од различни страни на државата ги започнаа своите маршеви.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.