“Лидер”: Уредникот на “ТВ 24” Огнен Јанески се пофали со тоалетна хартија со ликот на Трамп (Фото)

Бизарна навредлива порака за Соединетите Американски Држави и претседателот Доналд Трамп – испрати преку својот фејсбук профил главниот уредник на „ТВ 24“, Огнен Јанески – oбјави порталот “Лидер”.

 

Јанески, кој води редакција на телевизија која добива концесија од државата, вели дека му е особено драго што за подарок добил таолетна хартија со ликот на претседателот на САД, Доналд Трамп. На опаковката од таолетната, пишува „President Dump!” или преведено „Претседател ѓубре!“.

-Одличен почеток на денот! Тетка ми Роз од Австралија ми испратила пакетче за Нова Година, во коешто освен што им се радувам на благите работи, радоста за тоалетната хартија со ликот на Доналд Трамп е неизмерна! – напиша Јаневски на фејсбук и во прилог постави фотографија од таолетната хартија.

Јавно искажаниот став на главниот уредник, во медиумскиот бизнис, може слободно да се протолкува како официјален став на медиумот и компанијата. Што значи, „ТВ 24“ отворено завзема реторика против Соединетите Американски Држави кои се стратешки партнер на Република Македонија.

Огнен Јанески дојде на уредничкото место во „ТВ 24“, откако минатиот месец претходниот главен уредник на телевизијата, Младен Чадиковски, стана претседател на Здружението на Новинари на Македонија.

Извор: “Лидер”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.