“Лидер”: Националните телевизии почнааа бојкот за Владата и министрите

Пет национални телевизии здружени во ММА (Македонска Медиумска Асоцијација) започнаа бојкот на активностите на министрите и на владата – пишува “Економски Лидер”.

Вчера тие ги спуштија камерите и не ја снимаа прес конференцијата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Во исто време, во вестите на телевизиите со национална фреквенција, веќе два дена не се емитуваат прес конференции на министрите.

Како што дознаваме, ваквиот радикален чекор телевизиите го презеле поради неисполнетите ветувања за помош преку министерството за култура, но и поради лошиот однос на владата и “министерот за пропаганда” Роберт Поповски кон новинарите.

Извор: “Лидер”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.