Ајде хумана Македонијо! Апел за помош на семејството Арсоски од Кичево, чиј дом целосно изгope пред неколку дена (Фото)

Драги хумани луѓе од цела Македонија. Откако во вторникот ноќта беше опожарена куќата на семејството Арсоски од Кичево, без покрив над глава останаа три членото семејство и нивните родители. Од пожарот бил зафатен целиот горен спрат на куќата со изгорена цела покуќнина во него и настаната е за среќа само материјална штета.

Апелираме до сите хумани граѓани, фирми, институции, oпштина Кичево, да застанеме рамо до рамо и заеднички да се сплотиме во рамките на можноста да помогнеме со финансиска поддршка за возобновување на нивниот дом за катастрофалната загуба која го снајде ова семејство – пишува во сторијата која ја објави порталот “Порта.мк”.

Во прилог ви ја доставуваме трансакциската сметка која е веќе активна за донации:

ИМЕ ПРЕЗИМЕ: Цанко Александар Арсоски
Ул. на лице: Арсо Војвода бр.41 – Кичево (доколку е потребна)
Т-ска сметка: 210-5017359081.69
Банка: НЛБ Банка АД Скопје
Цел на дознака: УПЛ
Повикување на бр: 2404983433015

Да бидеме хумани и да помогнеме на семејството Арсоски повторно непречено да живее во својата семејна куќа, надминувајќи ја трагедијата која го потресе градот и околината. Споделете.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.