Летото се врати, но на кратко – од петок голема промена на времето

Времето во Македонија е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура се движеше од 10 до 18, а  дневната од 27 до 34 степени.

УВ-индексот изнесува 9.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти и до 15, а дневната се искачи до 31 степен.

До крајот на работната недела ќе се задржи претежно стабилно и потопло време. Во петок ќе има услови за краткотрајна нестабилност на северот и ќе започне да дува поинтензивен северен ветер. За време на викендот се очекува појава на локален дожд и ретки грмежи, а ќе дува повремено засилен северен ветер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.