Ласовска: “Свети Николе е избришано од меморијата на СДСМ! Сите овиe амандмани за овој регион се одбиени”- еве што се е одбиено!

Новоизбраната претседателка на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, жестоко ја нападна владеачката гарнитура за неприфаќањето на ниту еден од 19 амандмани, кои како пратеник ги предложи за градот од каде што доаѓа – Свети Николе.

Таа, на нејзиниот фејсбук профил напиша:

“Почитувани сограѓани, Во Собранието на Република Македонија, заврши комисиската расправа по амандманите на Буџетот на РМ.

Јас како ваш претставник во Собранието, поднесов 19 амандмани. За жал НИТУ ЕДЕН амандман, не беше усвоен. Ова само го потврдува фактот дека, Свети Николе за оваа власт е само град кој му треба само за гласови и за НИШТО друго.

Ласовска побара од во буџетот за 2019 година да се внесат амадмани за изградба на цевководи, канализации во повеќе населени места, потоа за санација на оштетеното корито на реката Поток, за формирање на нижо музичко училиште при ООУ “Кирил и Методиј” во Свети Николе, за промена на азбесниот кров во гимназијата “Кочо Рацин”, за изградба на спортска сала во училиштето “Даме Груев”, реконструкција на ученичкиот дом “Кочо Рацин”, реконструкција на регионалниот пат Свети Николе-Куманово, за изградба на куќа на спортот во Свети Николе, за изградба на покровна конструкција на детската градинка “Рхилка Гонева”, за изготвување на проект и конзервација на досега истражените содржини на археолошкиот локалитет “Била Зора”, за изградба на дом за стари лица во Свети Николе, за изградба на центар за деца со посебни потреби, за изградба на Трим патека до локалитетот “Била Зорa”, за изработка на проектна документација за секундарна гасоводна мрежа во Свети Николе, изградба на нова детска градинка во село Ерџелија, 18 милиони денари за исплата на штети од елементарна непогода за земјоделците во овој регион.

Во продолжение погледнете ги амадманите кои владеачкото мнозинство ги одби:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.